Sunday, January 7, 2018

Само 5 придобивки од секојдневното консумирање канабис

Марихуаната иако сè уште не е легална, здравствените придобивки кои ова растение ги нуди не можат да останат незабележани. Голем број истражувања ја поврзуваат долгорочната употреба на марихуаната со позитивни ефекти врз здравјето


Марихуаната е природен олеснувач на болката

Една од најголемите придобивки од марихуаната е нејзината способност да ја намалува болката, што е особено важно за третирање на хроничните болки. Од менструални болки до болки во грбот, еднократни или хронични болки, пушењето марихуана може да ви ја олесни болката многу подобро и побезбедно од апчињата против болки. „Марихуаната ја намалува болката со тоа што го променува начинот на кој фукционираат нервите“ - објаснува д-р Марк Вер (Mark Ware).


Марихуаната ја зголемува креативноста

Многу познати артисти од минатото и сегашноста со помош на марихуаната ја зголемувале својата креативност. Од Вилијам Шекспир, па сè до Ријана, нема сомнеж дека оваа чудесна билка помага за надоаѓање на креативни мисли и идеи, па дури можеби и за создавање на ново ремек дело. 



Пушењето марихуана ја регулира тежината

Едно истражување во Америка извршило испитувања врз двајца луѓе кои биле корисници на марихуана и откриле дека се помалку склони кон дебелеење за разлика од луѓето кои не се корисници. Додека пак, друго испитување во Америка покажало дека оние кои пушеле марихуана имале помал обем на половината од оние кои не пушеле марихуана.


Марихуаната го регулира шеќерот во крвта

Голем број истражувања во Америка покажале дека корисниците на марихуана имале пониско ниво на инсулин и подобар метаболизам од оние кои не се корисници. Двата фактори играат важна улога во намалувањето на ризикот од развој на дијабетес.




Марихуаната го намалува воспалението на зглобовите

Истражувањата покажале дека пациентите кои страдаат од артритис може да имаат корист од употребата на марихуана. Ова е поради тоа што природните состојки во канабисот ги активираат патиштата во телото кои помагаат во борбата против воспалението на зглобовите.




Автор: Ангела Т.
Извор: HERB

No comments:

Post a Comment