Friday, June 2, 2017

Срце, крвен притисок и астма (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 93 - 95)

Срце, крвен притисок

THC и срцев удар!
Сте имале ли некакви корисни извештаи за коноповото масло и срцевите состојби?

„За тие со срцеви проблеми кои започнуваат третман со маслото, тие треба да бидат свесни дека често маслото може да ја зголеми стапката на отчукување на срцето, сè додека тие не се прилагодат на неговата употреба. Зголемувањето на стапката на отчукување на срцето обично е само мала, но јас чувствувам дека пациентот треба да знае дека тоа може да се случи.

Овој лек е ефективен за да ги намали нивоата на холестерол и ја подобрува циркулацијата на крвта, па тоа само по себе би било од огромна корист за срцето на пациентот. Секако, срцето е витален орган и од нашето искуство, коноповото масло може да ги подмлади виталните органи. Иако јас никогаш не сум им рекол на луѓето да престанат да ги земаат нивните лекови за срце, многумина го направиле тоа без никакви штетни ефекти. Чувствувам дека ефектот на коноповото масло на срцевите состојби бара повеќе истражувања, но од она што сме го виделе, овој лек се чини дека е многу корисен за срцето.


Може ли маслото да го регулира крвниот притисок?

Коноповото масло може да го регулира крвниот притисок, навистина. Јас го користам самиот за да ми помогне да спијам и за да го регулира мојот сопствен крвен притисок. Кога се започнува третман со конопово масло, јас им кажувам на пациентите кои веќе земаат лек за оваа состојба внимателно да го надгледуваат нивниот крвен притисок. Повеќето кои користеле фармацевтски лекови за контрола на нивниот крвен притисок повеќе немаат потреба од нив по започнувањето на третманот со конопово масло.

Откако коноповото масло го намалува крвниот притисок, секој кој се обидува да продолжи со употребата на нивните фармацевтски лекови за крвен притисок најверојатно ќе откријат дека комбинацијата од двете ќе го намали нивниот крвен притисок премногу. Тоа е добра идеја да се избегне оваа ситуација и со употребата на преносните мерачи за крвен притисок достапни денес, ова лесно може да биде остварено.


Може ли тоа да помогне со други болести на внатрешните органи?

„Од она што сум го видел со употребата на коноповото масло, многу состојби на внатрешните органи и поврзани проблеми може да бидат контролирани или излечени. Кога внатрешен орган е подмладен и излечен, тој може повторно да продолжи со своите должности во рамките на нашето тело. Лично, јас мислам дека тоа има многу повеќе смисла да се подмладат нашите сопствени витални органи со употребата на ова масло, наместо да се помине низ трансплантација на орган со сите поврзани опасности со тоа и потоа поминување на остатокот од твојот живот земајќи лекови за органот да не биде отфрлен (имуносупресивни лекови). Во некои случаи, трансплантацијата на органот може да биде единствениот одговор, но доколку овој лек се користи правилно за подмладување на виталните органи, јас мислам дека таму би имало многу помала потреба за трансплантација.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение

„Срцето е внатрешен орган и маслото ги подмладува виталните органи. Кога пациентите започнуваат да го користат маслото, тие обично ги намалуваат нивните дози од нивните лекови за срце на половина, и повеќето престануваат да ги користат лековите веднаш штом тие ќе почувствуваат дека тие можат да престанат да ги користат. Маслото е многу корисно за срцето.

Канабис е лек и за Астма!
Маслото може да го регулира крвниот притисок и аритмијата многу лесно. Тоа вообичаено го намалува крвниот притисок, па оние кои користат лекови за крвен притисок треба да бидат внимателни со употребата на маслото додека не се навикнат на него. Комбинацијата од лекови за крвен притисок и маслото може да го намали притисокот значително, и затоа добра идеја е да се мониторира крвниот притисок користејќи мерач за крвен притисок. Во многу случаи, маслото нежно ја зголемува стапката на отчукување на срцето.

Оваа област бара многу повеќе истражување, па пациентите треба да го следат нивниот здрав разум кога започнуваат со маслото, но тие треба исто така да останат во контакт со нивниот лекар за да се осигураат во правилната работа на срцето.  
Срцево болните треба да ги проверат електричните инсталации во нивниот дом или на работа.
Срцето работи на електромагнетни импулси, и затоа тие треба да избегнуваат да престојуваат во електромагнетни полиња колку што е можно повеќе.

Одбери го соодветниот „инхалатор“! ;)
Јас би го јадел маслото и јас исто така би го користел во супозитории. Што се однесува до надворешната апликација, тоа никогаш не боли но јас не можам да кажам колку корисно тоа навистина е во моментов. Како секогаш, јас би користел коноп на сите можни начини. Јас исто така би вклучил конопово семе и конопово масло во мојата диета, двете семето и маслото се познати дека имаат многу корисни ефекти за многу срцеви состојби.

Доколку јас бев доктор и треба да извршам операција или трансплантација на срцето, итн., јас би се обидел да го подмладам органот со најмалку 60 г од маслото. Ако 60 г нема да го доведат пациентот во доволна здравствена состојба, јас и понатаму би продолжил да им го давам маслото.“ ЈБ


Астма

Канабисот го олеснува дишењето!
„Дури и пушењето трева е корисно за многу страдалници од астма, но внесувањето на маслото или вапоризирањето тоа е многу поефективен и медицински начин за третирање на оваа состојба. Користењето на маслото во супозиторна форма е исто така многу ефективно за оние со проблеми со дишењето, и затоа оваа метода може да биде од корист исто така. Ние знаеме многу луѓе кои имаат астма на коишто им е помогнато со употребата на овој лек и јас можам искрено да кажам дека јас не сум свесен за било каков третман за оваа состојба којашто е поефикасна. Дури и оние кои страдаат од такви нешта како COPD сведочеле неверојатни подобрувања во нивната способност да дишат правилно со употребата на овој лек. Ако вие се соочувате со било каков тип на проблеми со дишењето, дајте му шанса на маслото и јас сум сигурен дека нема да се каете.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение

„Некој би очекувал дека вапоризирањето на маслото е најдобриот третман за астма или проблемите со дишењето. Изненадувачки, ние дознавме дека супозиториите со конопово масло се екстремно ефикасни во отварањето на дишните патишта. Обично, за 30 минути откако пациентот зема супозиторија, тие пријавуваат дека тие чувствуваат како нивните бели дробови се отворени и тие можат да дишат многу полесно. Секако, како и со секоја друга болест, јас би внесувал стандардна 60 г доза во три месеци и потоа јас би останал на грам дневно додека јас не се чувствувам целосно здрав. Потоа, секако, јас би останал на доза за одржување до крајот од мојот живот. Би го користел маслото орално, надворешно на моето грло и гради и во супозиторна форма.“ ЈБ



* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/

No comments:

Post a Comment