Friday, November 17, 2017

Прехранбената конопна индустрија може да отвори многу нови работни места

Основачот на Vitahemp Australia, Ендру Кавасилас (Andrew Kavasilas), верува дека ќе видиме како индустријата расте од силна во посилна, сега откако е легално канабисот таму да се консумира како храна

Основачот на Vitahemp Australia, Andrew Kavasilas
Најновата „суперхрана“ на АВСТРАЛИЈА - конопот - сега е достапна, откако беше легализиран за да се продава како храна во Австралија. Започнувајќи со маслото од семе од коноп па сè до пиво од конопово семе, индустријата забрзано се развива и секојдневно носи сè повеќе производи на полиците за потрошувачите. Новите прописи стапија на сила во неделата на 12 ноември 2017 година, откако Федералната Влада даде зелено светло за човечка конзумација на коноп со ниско ниво на ТХЦ. Австралиската конопова партија (Australian HEMP Party) и коноповата Нимбин Амбасада (Nimbin HEMP Embassy) овој месец ја одбележуваат оваа пригода нудејќи дегустација на бесплатни примероци на семе од коноп и масло од семе од коноп.

Nimbin HEMP Embassy
Претседателот на ХЕМП партијата и воедно Претседател на ХЕМП Амбасадата, Мајкл Балдерстон (Michael Balderstone), рече дека семето од конопот е создадено како „неприкосновена храна“. „Тоа е суперхрана (со) извонредни омега 3, 6 и 9 и многу протеини... Woolworths (супермаркети) ќе го имаат на нивните полици за кратко време замислувам“ - рече Балдерстон. Некои производи достапни за купување вклучуваат сурови производи како кај маслото од семето од коноп, излупени семки од коноп, брашното од семе од коноп, протеини од конопово семе и од нив ќе видите мусли барови, чоколади, леб, млеко, преливи за салати, сладоледи, па дури и пиво. Ендру Кавасилас, секретар на партијата ХЕМП и основач на компанијата за коноп Витахемп лоцирана во Нимбин, изјави дека го следеле ова за „речиси 20 години“ и го опишале денот како „хранливо-историски“.


Ќе имаме вистинска здрава храна која конечно ќе биде достапна со нови можности за земјоделство, вклучувајќи пристап до меѓународниот пазар кој допира милијарда долари“ -изјави Кавасилас. „И работни места, работни места, работни места, ние веќе ги гледаме во производство, обработка, логистика, дизајн и пакување, маркетинг, продажба на големо и мало“ - додава тој. Г-дин Кавасилас додаде во изминатите седум години, државната полиција ги покрена прашањата околу храната од семе од коноп попречувајќи со случајни тестови на плунка и покрај фактот што уредите за проверка не се доволно веродостојни. На темата, г-дин Балдерстон рече: „нема друга полиција во светот што тестира плунка како во Австралија“ и треба да се стремиме „да се каже разликата меѓу исхрана и интоксикација, оштетување од лекови и самото присуство на канабиноиди“.


Не треба да забораваме исто така дека интоксикацијата со канабис е невозможна, а Кавасилас рече само затоа што контроверзнава храна сега е легална, тоа не значи дека тука во Австралија постои снабдување. „Темпирајќи мудро тоа ќе беше подобро за целата индустрија да се започне околу времето за жетва што е околу февруари/март“. И покрај тоа што е последната земја што ја дозволи употребата на коноп во човечката исхрана, според г-дин Кавасилас, Австралија сè уште е во единствена позиција за извоз. „Нашите ергономски квалификации на меѓународно ниво се одлични за добивање на чист, зелен, австралиски органски производ, мислам дека луѓето навистина ќе го сакаат тоа“ - заклучува тој.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Northern Star

Канабиноидите им се неопходни на бебињата за да израснат во продуктивни личности

Ендоканабиноидите - канабиноиди природно произведени во луѓето, постојат во секој дел од телото. Тие и нивните рецептори се наоѓаат во нашите мозоци, имуни системи, стомаци, репродуктивни органи, крвни садови, сврзни ткива, централен нервен систем, периферен нервен систем - буквално секаде каде истражувачите успеале да видат - ендоканабиноиден систем! 

Сите имаме ендоканабиноиден систем!
Иако е именуван според канабисот, според Мартин А. Ли (Martin A. Lee), директор на проектот ЦБД вели - „овој антички, внатрешен, сигнален систем почнал да еволуира пред 600 милиони години (долго пред канабисот да се појави) кога најкомплексната животна форма биле сунѓерите“. Тој еволуирал со нас - како и во секое животно, освен инсектите и е неопходен за хомеостаза на нашите тела и умови. Преку имуниот систем, канабиноидите ја имаат таа моќ да ја наложат температурата на телото да изискри треска која ќе убие вирус или бактерија и потоа да ја спушти кога отстранувањето е завршено.


Како фунционираат ендоканабиноидите?

Во мозокот, невротрансмитерите обично се ослободуваат во синапса, патуваат долж линијата на пренос на информации, а потоа се врзуваат за местото на рецепторот. Но, канабиноидите работат наназад, најпрво се врзуваат за рецепторот, а потоа му кажуваат на процесот да се олади или да го забрза ослободувањето на други хемикалии. Забавувањето на процесите во мозокот е начинот на кој телото помага со инхибиција на нападите, смирување на анксиозноста и умерени други прашања кои се резултат на хиперактивно или неправилно насочено дејство на невротрансмитер. Според Neuroscientist, Григориј Герман (Gregory Gerdeman) од Eckerd College, CBD го забрзува пуштањето на хемикалии и најверојатно ќе биде важно за многу мозочни активности, почнувајќи од регулирање на телесната температура и стрес кон перцепцијата на стравот, просторот и времето.

Истражувањата почнале на индивидуални канабиноиоди во 1940-тите кога љубопитни истражувачи погледнале во терапевтските потенцијали на канабисот, но дури во 1980-тите неврологот Алин Хоулет (Allyn Howlett) открил за постоењето на канабиноидни рецептори во луѓето. Мартин А. Лее во поглавје од неговата книга „Mellow Mayhem“ објаснува дека истражувачите направиле увид во мозокот и откриле дека бројот на канабиноидни рецептори е многу поголем од сите други типови на невротрансмитерски рецептори. Канабиноидните рецептори биле лоцирани во региони одговорни за сеќавање, високо-спознајни функции, движење, апетит и емоции. Рецепторите функционираат како суптилни сензорни уреди - суштински, ловејќи канабиноиди во секоја клетка.


Канабиноидите се суштински од најраните етапи на животниот циклус

Во 1992 г., хемичарот Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) открил ендоканабиноиди. Ендоканабиноидниот систем (ЕКС) на мозокот е суштински уште од најраните етапи на човековиот развој. Канабиноидните рецептори „пролиферираат во плацентата и овозможуваат неврохемиска комуникација меѓу ембрионот и мајката“ и потоа делуваат како водачи за фетална пролиферација и диференцијација на нервни матични клетки. Во суштина, ова им помага на мозочињата од бебињата да ги алоцираат ресурсите во соодветните патеки на развој. Канабиноидите се суштински за развој на бебето до тој степен што ги има во мајчиното млеко. Истрачувачот Естер Фриде (Ester Fride) покажал дека стаорци без канабиноидни рецептори добиваат бебиња кои не се развиваат.

На возрасните, ендоканабиноидите им помагаат во неврогенезата, им помагаат на матичните клетки да стигнат каде што се потребни за да ја елиминираат оштетата од мозочни удари и трауматски мозочни оштетувања. Хроничниот стрес го намалува бројот на ендоканабиноидите во мозкот и телото, влијаејќи врз цело телесно функционирање - што е можеби причина зошто луѓето се подложни да се разболат кога се под стрес. Не само што ендоканабиноидите му помагаат на телото да ја модерира стабилноста и развојот, туку и зајакнуваат форма на учење, наречена долгорочна потенцијација. Овој процес овозможува зачувување на информации поради зацврстување на синапсите. Со зацврстување на врската меѓу два неврони, се верува дека долгорочната потенцијација им помага на сеќавањата да се кодираат што сугерира добротворна врска меѓу зголемено долгорочно потенцирање и третман на состојби како Алцхајмеровата болест. Умереноста и здравото функционирање на ЕКС е суштинска за човековиот развој, правејќи го можеби најважното поле на истражување моментално во медицинскиот свет.

*Истражувајќи за овој текст, дојдов до сознанија кои и мене многу ме изненадија. Меѓу другото, не ни претпоставував дека во самото мајчино млеко има канабиноиди. Сега сум уште повеќе уверен дека канабиноидите се ЕДНОСТАВНО НЕОПХОДНИ за целокупен и непречен развој на секој еден човек и животно!!!

Извор: HERB

Wednesday, November 15, 2017

Медицинска марихуана за животни - ВЕТЕРИНАРНА МАРИХУАНА - продолжение!

Повторно да се осврнеме на употребата на марихуаната во ветеринарната медицина. Д-р Даглас Крамер (Douglas Kramer), е убеден дека потенцијалот на растението канабис пред сè е ветеринарен лек. Тој вели дека ветеринарите треба повеќе да се залагаат за рестриктивни прописи за истражување на марихуаната, што може да доведе до нови лекови базирани на канабиноиди за животни!

Кој не сака трева? :)
На Никита ѝ беше многу лошо. Таа престана да јаде“ - се присетува тој. „Ја искористив секоја достапна фармацевтска опција, дури и стероиди. Во тој момент беше во прашање квалитетот на нејзиниот животот и чувствував дека треба да пробам нешто за да го олеснам нејзиното страдање“ - додава тој. Д-р Крамер почна да ја храни Никита со мала количина марихуана. Апетитот на кучето се врати и таа се чувствуваше попријатно за време на нејзините последни месеци, а канабисот да беше меѓу првите опции, најверојатно нејзиниот живот ќе беше спасен. Сега, д-р Крамер е активист и се наоѓа во првите редови во националната дебата во напорите да се донесе медицинска марихуана во ветеринарната медицина. Врз основа на неговиот поглед на медицинските истражувања за марихуаната, д-р Крамер верува дека има доволно докази за поддршка на употребата на марихуаната кај ветеринарните пациенти, како алтернативен или дополнителен третман за постоперативна или хронична болка, како и за палијативна нега или како примарен лек за третирање канцери кај животните.


Да беше тревата дрога, козите и кравите ќе беа најголеми наркомани
Не сакам да давам марихуана како третман на миленичиња ако третманот што го давам не е доволно испитан“ - истакна д-р Крамер. „Мојата позиција е иста како на AMA’s. Ние треба да ја истражуваме марихуаната и понатаму за да го утврдиме нејзиното целокупно лековито дејство“ Меѓутоа, сопствениците на домашни миленици не чекаат на науката. Истражувањето на д-р Крамер покажува дека тие ги хранат со марихуана нивните миленичиња за лекување на пореметувања базирани на однесување, вклучувајки и анксиозност и фобија на бучава,  инфекција со вирусната имунодефициенција кај мачки; стоматит; за смирување на болка, гадење и напади; и за  стимулирање на апетит. Маслото од канабис, исто така се користи локално за лекување на тумори. Д-р Крамер е изненаден што некои од ветеринарите со потсмев гледаат на потенцијалот на марихуаната како ветеринарен лек. 

Канабис = коноп = трева = плевел = храна
Тој е фрустриран што толку многу негови колеги не се повеќе ангажирани во област со вистински и потенцијални влијанија за благосостојбата на животните, особено кога се работи за природен лек што не може фатално (смртно) да се предозира и да предизвика оштетувања или несакани последици од било кој вид. „Ветеринарната заедница треба да одговори на ова прашање, но не сакаме да зборуваме за тоа, иако е јасно дека нашите клиенти даваат марихуана на своите миленици“ - рече тој. Некои можеби ќе ги отфрлат ставовите на Крамер како производ на неговата културно и политички либерална средина, но тој не е сам во оваа борба. Неколку години, д-р Браун го практикува овој третман во мала животинска болница во Охајо. Многу од неговите пациенти се геријатриски миленичиња или пациенти со рак.

Д-р Дон Бут (Dawn Boothe) не би бил изненаден ако ветеринарите еден ден третираат пациенти со аналгетици одобрени од FDA, направени од деривати на канабиноиди. „Мојата реакција е дека тие најверојатно даваат корист од терапевтскиот ефект“ - вели д-р Бут, директор на Клиничка фармаколошка лабораторија на Колеџот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Абурн и дипломат од Американскиот колеџ за ветеринарна интерна медицина и Американскиот колеџ за ветеринарство и Клиничка фармакологија. „Но,“ - додаде таа брзо - „никогаш нема да речам дека треба да се даде марихуаната на миленичиња која не е доволно испитана. Велам дека има доволно оправдување дека треба сè уште да ја  проучуваме“ - додава таа. 

Д-р Бут смета дека ветеринарите не треба да го намалат потенцијалот на марихуаната како терапија за животни, едноставно затоа што тоа е контролирана супстанца или растение; и покрај тоа, истото може да се каже и за морфиумот. Додека фармаколошките ефекти на морфиумот врз луѓето и животните биле темелно проучувани, д-р Бут рече дека тоа не е случај со марихуаната. Јавноста не треба да претпоставува, марихуаната влијае на луѓето и на животните на ист начин. Треба да претпостават, бидејќи марихуаната е природна супстанца, таа не е штетна. Луѓето велат дека марихуаната е нешто природно и затоа е безбедна. „Ветеринарите треба да бидат дел од дијалогот“ - рече таа. „Сакам да видам добро дизајнирана, контролирана клиничка студија за употребата на марихуана за лекување на рак  кај животните. Тоа би била прекрасна преводна студија, со значење и за домашните миленици и за луѓето“ - заклучува.

Д-р Amanda Reiman
Д-р Аманда Рејман (Amanda Reiman) е менаџер на политиката во Калифорнија за Политичката алијанса за лекови (Drug Policy Alliance - DPA). Со седиште во Сан Франциско, Рејман ја води реформата на марихуаната на ДПА во Калифорнија. Таа спроведе бројни студии за медицинската марихуана и употребата на марихуаната како третман за зависност. Таа исто така е предавач на Факултетот за социјална работа на Универзитетот Калифорнија-Беркли и живее во Оукланд со нејзината мачка, Мама Кас. „Да се има милениче е една од најголемите радости во животот, да му бидеме поддршка кога е болно, дури и на крајот од неговиот животот, што е едно од најтешките времиња. Како човечки старатели, ние сакаме да знаеме дека третманите што ги даваме на нашите животни се ефективни, хумани и предизвикуваат повеќе добро отколку штета. Со оглед на тоа што нашите животински пријатели не можат да ни кажат како се чувствуваат со целосна точност, ние често остануваме да донесуваме одлуки за нивните медицински третмани врз основа на совети и добри намери“ - вели таа.

Тоа беше ситуација кога неодамна на мојата 11 годишна мачка, Манки (Monkey), ѝ беше дијагностициран рак на цревата. Туморот не беше оперативен и ветеринарот веруваше дека најдобриот чекор ќе биде да го задржи нејзиното расположение што е можно подолго. Ракот  предизвика да изгуби многу тежина и таа имаше проблеми со спиењето. Решив да измешам малку масло од канабис во нејзината храна и бев изненаден од разликата. Почна повторно да се однесува како мало маче, способна да јаде и да игра. Таа спиеше и голташе и повторно се однесуваше како порано. Неколку месеци подоцна ѝ беше подобро и јас можев да ја гледам мојата мачка како си игра повторно, а не како умира пред моите очи. Јас споделив со мојот ветеринар дека ѝ  го  давав овој вид на третман. Мојот ветеринар ме поддржува и како пациент кој се лекува со медицинска-марихуана, имав пристап до лекот што ѝ беше потребен“ - објаснува д-р Рејман.

Monkey, 11
Постојат докази дека марихуаната била користена за лекување на коњите од страна на античките Грци преку третман наречен Берлин Хипиатрика (Berlin Hippiatrica), кој вклучува поставување мешавина од билки, вклучувајќи ја и марихуаната, на рани на коњот. Модерната  верзија, наречена Lame Away, беше развиена од Брајан Вокер (Brian Walker) и Ед Бреслин (Ed Breslin) во Калифорнија, инспирирани од ќерката на Вокер, која јава коњи. Откако видела  проблеми со воспаление кои не се лекувале со традиционалните лекови за болка и алтернативните  терапии  како  што  се хиропрактичари, Вокер направила еден вид на маст која вклучувала THC-A, непсихоактивна форма на (неактивирано) THC, која се наоѓа во марихуаната. Ефектот  врз  коњите  беше  зачудувачки, па  така  Lame Away  е  создаден. На  производна линија сега се вклучени  лекови  за  орална употреба, плус лек за рани и внатрешна тинктура за одржување на здравјето, сите направени со THC-А, така што тие не се психоактивни. Но, тематските препарати и непсихоактивни верзии на марихуана не се единствените производи што ги испитуваат ветеринарите.

Ветеринарот Даг Крамер (Doug Kramer) од Лос Анџелес  разви  специјална тинктура за кучиња и мачки направена со марихуана наречена Canine Companion. Тинктурата се продава во диспанзери со медицинска марихуана и е наменета за лекување на животни, а наменета е за третирање болки, воспаленија и други здравствени проблеми. Како и кај медицинската марихуана за луѓето, тоа е лично искуство кое обично бара посветеност од страна на пациентот. Крамер имал слично искуство со своето куче како што јас имав со мојата мачка. Марихуаната ја олеснуваше болката за време на нејзините последни недели. Марихуаната ја натера да престане да трепери и да почне да јаде, да стекне тежина и да биде поактивна. Тоа не беше лек, но тоа помогна да се олесни нејзината болка за време на нејзините последни денови.

Љубителите на животни имаат право да истражуваат за можните алтернативни третмани за олеснување на болката и страдањето на нивните миленици. Нашите животни зависат од нас.

Автор: Кристина Т. - доктор по ветерина
Извори: PETA, AVMA

Tuesday, November 14, 2017

Рекреативна или превентивна? Медицинска или ВЕТЕРИНАРНА МАРИХУАНА?

Сопствениците на миленичиња кои веќе го користат лекот, а пред сè ветеринарите треба да се приклучат во движењето за ослободување на конопот, затоа што животните исто така поседуваат ендоканабиноиден систем и билката канабис претставува најбезбеден природен нетоксичен лек исто така и за нив! 

Јас сум доктор по ветеринарна медицина, чиишто главни активнсоти и одговорност се фокусирани на грижата и здравјето на животните, со посебен акцент на домашните животни и на сите им го препорачувам да пробаат да ги лекуваат своите животинчиња со екстракти од канабис, секогаш кога е тоа возможно. Еве неколку интересни канабис искуства на сопствениците и нивните миленици:


Излечен метастазиран тумор на слезина кај куче со канабис масло!

Мајлс умираше. 12-годишното кученце од врстата лабрадор од типот микс Лабрадор-ретривер, развил тумор на слезината, кој евентуално метастазирал во црниот дроб и белите дробови. На Мајлс му биле одредени уште два месеци кучешки живот и му биле препишани синтетички наркотични супстанци од типот трамадол за справување со болките. Но, на сопственичката на Мајлс не ѝ се допадна начинот на кој трамадолот влијаеше на нејзиното милениче. „Секој пат кога му го дававме, тој само ќе спиеше; тој дури и не се движеше. Тој само ќе лежеше како да е мртов“ - рече Дениз, која побара нејзиното вистинско име да не се користи. Денис се сеќава како еден пријател ѝ предложил да се обиде со глицеринска тинктура од марихуана која се продава како лек за  миленичиња. Во рок од еден час, откако таа му ја аплицираше тинктурата на Мајлс, апетитот на кучето се врати и тој повеќе не повраќа. „Тоа не можеше да биде случајно“ - додава Дениз за Весникот на Американското ветеринарно медицинско здружение (Journal of the American Veterinary Medical Association).


Друга голема работа е тоа што во последните неколку недели, Мајлс доаѓа со мене на плажа, тој трча“ - продолжува таа. „Ако Мајлс беше на трамадол, тој ќе беше во кревет и немаше да ужива во ништо, ниту ќе јадеше нешто и веројатно ќе беше мртов. Јас сум само навистина благодарна што го најдовме ова“. Иако првично се двоумела да му даде на нејзиното милениче растение, за кое сопственичката немала цврсто оформено мислење, но сепак, Денис сепак била одлучна за спас на нејзиниот опашест најдобар пријател Мајлс. Таа била свесна дека нема што да изгуби затоа што нејзиното куче има рак и наскоро ќе умре. Освен тоа, луѓето не можат да се предозираат со марихуана и го користат за третирање на разни сериозни дијагнози меѓу кои и рак, сметаше таа. „Не бев толку загрижена. Бев всушност прилично возбудена, бидејќи се користи кај луѓе - пациенти со рак заради болка и гадење“ - додава Дениз. Ако трамадолот делувал, Дениз вели дека немаше да размислува за давање на марихуана за кучиња. Сега сопственикот е „вистински верник“ во терапевтските ефекти на марихуаната за барем некои животински болести, Денис вели дека ќе им препорачува марихуана и на други сопственици на миленичиња. „Се работи за подобрување на квалитетот на нивниот  живот“ - нагласува таа.



Ако е доволно добро за мене, тогаш е добро и за моето маче!

Ernest & Borzo
Сениорот Ернест Мишко (Ernest Misko) никогаш не експериментирал со марихуаната, додека неговиот лекар не му ја препорачал на овој 77-годишник од Чатсворт, Калифорнија, да го проба за својата хронична болка во грбот. Мишко беше толку вчудоневиден од тоа колку добро се чувствуваше потоа! Кога неговата стара мачка, Борцо (Borzo), имаше потешкотии со одењето, Мишко почна да ја храни мачката со истата марихуана, раскажува Денис. Во рок од неколку дена, Борцо изгледаше како да е без болка и се движи многу подобро, според Мишко. „Јас се чувствував добро од користењето медицинската (марихуана), болката исчезнува. Затоа, ја пробав на мојата 24-годишна мачка, која се чувствува подобро“ - рече Мишко.



Коњот Феникс лекуван со канабис

Коњот од јужна Калифорнија, 20-годишниот Пасо Фино по име Феникс, имал дегенеративно заболување на лигаментите неколку години. Но, пред речиси една година, состојбата му се влошила. Фенилбутазон, глукозамин, чизми од Кавало, ладни и топли обвивки - ништо не му  помогнало на коњот. На крајот, Феникс лежеше на работ на смртта и престана да јаде и да пие. Пред да пристапи кон еутанизирање на Феникс, сопственичката Беки го хранеше изнемоштеното животно со „коњската“ марихуана. На крајот на краиштата, самата Беки се увери дека марихуаната е поефикасен аналгетик од лекот што му беше препишан за болка поврзана со артритис и неколку неодамнешни операции на рачниот зглоб. „Канабисот ми дава поголемо олеснување од лекот Норко, па зошто тоа не би му помогнало и на мојот Феникс?“ - образложи таа. „Со канабис, не се грижам за потенцијалното оштетување на црниот дроб. Јас, исто така, не се грижам дека ќе се предозира, бидејќи јас само му давам мала количина. Сега тој е стариот нормален, среќен Феникс“ - заклучува среќната сопственичка на Феникс. Запомнете дека хемотерапијата не е решение за канцер, ниту кај луѓето, ниту кајживотните. Лекот за рак се вика канабис и не треба повеќе да го бараме, туку треба конечно да го декриминализираме! Повеќе интересни примери дека марихуаната е лек за луѓе и живонти - во следната објава!

Автор: Кристина Т. - доктор по ветеринарна медицина
Извори: Live Science, AVMA

Канабисот е ЛЕК!

Читај повеќе:

* Животни - Сведоштва - 1 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 111 - 113)

* Животни - Сведоштва - 2 дел (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 113 - 116)

Monday, November 13, 2017

Мајка користи домашен екстракт од марихуана за лекување на 19 хронични болести кај ќерката

Катрина Спраггон (Katrina Spraggon) е 35 годишна мајка која го подготвува маслото од канабис во својата кујна за лекување на 19-те хронични болести на нејзината ќерка Кајтлин (Kaitlyn), кои вклучуваат церебрална парализа, рефрактерна епилепсија и тешка сколиоза

Kaitlyn Spraggon
Катрина е австралиска мајка на четири деца која ги замени сите конвенционални лекови кај нејзината ќерка со оштетување на мозокот, со нелегално масло од марихуана кое сама го прави во својот дом. Катрина е поранешен негувател на деца и таа изјавува дека хранењето на нејзината ќерка со канабис ја трансформирало и помогна да реагира, па дури и ѝ помогна да се смее за прв пат досега. 

Катрина, од Нинги, Квинсленд, вели: „Прв пат кога го пробав маслото од канабис на мојата ќерка, бев сведок на извонредна разлика за само два дена. Кајтлин едноставно стана жива. Тоа беше апсолутно неверојатно. Таа реагираше и напредуваше. Нејзините напади драстично се намалија. Со текот на времето таа постојано напредуваше и повеќе не беше само билка постојано заглавена во инвалидска количка. Таа почна да комуницира со мене на начин како што никогаш порано не комуницираше и таа може да си игра со своите браќа и сестри“ - изјавува оваа храбра мајка.

Katrina Spraggon прави масло
Пред маслото од каннабис, Кајтлин ќе зјапаше во празно и немаше да одговора на никого. Никогаш порано не ја имав слушнато да се смее, тоа за мене е најубавиот звук на светот - таа ми даде само малку насмевка. Нема буквално никакви несакани ефекти - таа е само малку повеќе гладна од вообичаено, има зголемена жед и може да почне да се смее. Неверојатно е. Не сум загрижена за правните последици. Јас би сакала да го прекршам законот за ќерка ми да има квалитетен живот наместо да му се потчинувам на законот и да ја закопам мојата ќерка. Ете зошто јас сум отворена за јавноста цели три години“ - вели мајката. 

Катрина користи три различни видови масло од канабис за третманот на нејзината ќерка - две илегално и ги испраќаат пријателите што живеат во други држави. Третиот е екстракт масло од целото растение канабис што таа самостојно го подготвува во нејзиниот дом од марихуаната што ја добива од дилерите на црниот пазар - плаќа 230 австралиски долари (151 EUR) за унца (28,34 гр) која трае два до три месеци. Мајкава исто така, почна да одгледува сопствени марихуана растенија дома, така што таа има неограничено снабдување за третманот на нејзината ќерка. Катрина тврди дека само една капка од нејзиното домашно масло нанесено на непцата на Кајтлин, на почетокот на нападот, ја оживува брзо и ѝ го скратува периодот на опоравување.

Во Австралија, маслото од канабис може да се препише за секој случај поединечно освен во Северната територија за пациенти кои страдаат од хронични болести. Сепак, мора да се увезува надвор од земјата и не е легално за поединци да одгледуваат сопствена марихуана за медицински цели. Значи, медицинскиот канабис е технички правно легален во Квинсленд, Катрина рече дека увозот од Канада или Данска ја чини до 5.000 AUD (3,282 EUR). 

Мајката тврди дека има легални писмени изјави од осум различни лекари што ја охрабруваат да продолжи со користење на маслото од марихуана за лекување на нејзината ќерка. Таа дури се сретна и со истакнати австралиски политичари, вклучувајќи го и премиерот Малком Турнбул (Malcolm Turnbull) за да се изјасни за нејзиниот случај. Катрина рече: „Пред да го започнеме третманот со масло од каннабис, кога Кајтлин ќе имаше напад, таа имаше срцев и респираторен дистрес. Тоа од мене бараше јас ѝ давам прва помош и да ѝ давам толку многу различни опијати и да ја дрогирам. Таа беше како зомби и целосно отсутна до пет дена.

Сега, откако ќе ѝ го дадам маслото од канабис за нејзините напади, таа ќе се врати за 20 минути играјќи, танцувајќи и сакајќи храна. Пред сè ми се гадеше од постојано давање на мојата ќерка прва помош и да ја гледам на работ на смртта. Не сакав моите други деца да бидат трауматизирани и изложени на таков вид на ужас. Ништо не делуваше, а Кајтлин стануваше поболна и поболна. Мислев дека ќе умре. Сега Kејтлин е во можност да комуницира со нејзините браќа и сестри и сите играат заедно. Можам да одам да се туширам или да ги извадам корпите и да не морам да се грижам дека таа ќе умре додека јас не сум тука. Тоа е прашање на живот и смрт и никогаш нема да престанам да му го давам овој лек на моето дете“ - заклучува таа.

84-годишната баба на Катрина, Мини Нилсон (Minnie Neilson), сега е една од нејзините најголеми поддржувачи за третманот со канабис, но признава дека порано била скептична околу терапијата со канабис. Мини рече: „Кога Катрина за првпат ја стави Кајтлин на канабис, јас бев целосно против тоа и не разговарав со неа скоро еден месец. Но, по неколку недели, почнав да гледам огромна разлика кај мојата пра-внука. Маслото од канабис делува чудотворно за епилепсијата на Кајтлин. Таа сега има квалитет живот и се дружи со нејзините браќа и сестри. Пред третманот, таа беше како зомби и не ве погледнуваше кога ќе ѝ го кажете нејзиното име. Сега таа доаѓа ме гушка и бакнува. Јас сум целосно за тоа“ - вели прабабата на малата Кајтлин.


КОИ СЕ ПРАВИЛАТА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС ВО КВИНСЛЕНД? 

- Медицинскиот канабис може да се одобри ако пациентите веќе се обиделе да добијат конвенционални третмани во разумен временски период и тие не успеале или ако ефектите од конвенционалните третмани се нетолерантни;
- Бидејќи во моментов нема лиценцирани фирми за производство на медицински канабис во Австралија, овие производи треба да се увезат. Луѓето не можат законски да произведуваат сопствен канабис за медицинска употреба;
- Некои семејства во Квинсленд им даваат на своите деца медицински канабис од недозволениот пазар, бидејќи нема правен извор;
- Многу од овие родители се во ситуација кога стандардниот третман за состојбата на детето не е успешен или може да предизвика значајни несакани ефекти;
- Здравствените шефови велат дека семејствата пристапуваат до информации од интернет, што укажува дека употребата на медицински канабис може да биде од корист за состојбата на нивното дете, но многу од овие информации можат да бидат „анегдотични и не потврдени научно“.




Автор: Кристина Т.
Извор: Honey Nine

Запознајте го 24-годишниот основач на голема страница за канабис вработувања

До 2026 година индустријата за марихуана би можела да вреди 50 милијарди долари годишно, па 24-годишната Карсон Хамистон (Karson Humiston) сака да го премости јазот помеѓу работниците заинтересирани за кариерите поврзани со канабис и компаниите кои сакаат да го развијат својот бизнис. Хамистон е основач на онлајн платформа за кариера Vangsters, која обезбедува централна локација за работодавците во индустриите поврзани со канабис, да најдат потенцијални вработени

Karson Hamiston
Платформата е бесплатна за кандидати за работа, но компаниите што го користат сајтот плаќаат надомест од 69 долари месечно за неограничено објавување на работни места. Хамистон имаше идеја да регрутира таленти во индустријата за канабис во 2015 година, кога таа дипломираше на Универзитетот Св. Лоренс. Откако присуствуваше на саемот за канабис во Њујорк и слушаше за тоа како компаниите зборуваат за отворање во областите како што е маркетингот, Хамистон знаеше дека може да им помогне на работодавците да ги пополнат тие работни места. „Видовите позиции што беа достапни во индустријата за канабис, дури и во 2015 година, ми го разнесоа умот“ - вели таа за CNBC. „Затоа решив да отпочнам бизнис, кој некогаш беше наречен ‚Gradujuana‘“ - кадешто ќе ги поврзуваме студентите кои студираат на колеџ и неодамнешните дипломирани со работни позиции во растечката канабис индустрија“ - додава Хамистон.

Следниот ден, Хамистон се врати на саемот со ново-направени бизнис картички за да им покаже на работодавците колку е сериозна. „Прошетав од кабина до кабина велејќи:‚Јас сум Карсон Хамистон и можам да ви помогнам да најдам практикант или неодамнешен дипломец со мојата компанија, Градујана‘“. Откако генерирала доволно потенцијални клиенти за да ја потврди дека нејзината идеја би можела да стане бизнис, неодамнешните дипломци се преселиле од Њујорк во Денвер, кадешто се наоѓаа повеќето компании во индустријата. „Не знаев никого во Денвер“ - вели Хaмистон. „Живеев во хотел и реков дека ќе останам еден месец и ако можам да остварам состаноци и да добијам клиент, ќе се задржам овде и ќе го направам тоа“ - додава таа.

Во јули 2015 година, Хамистон го обезбеди својот прв клиент, O.penVape. Компанијата имаше потреба од помош за да најде сметководител. „Им реков: ‚Што ќе направам е тоа што ќе одам и ќе го ставам ова до мојата мрежа на студенти и неодамнешни дипломирани кои ќе ги вработувате за сметководител“ - вели таа. „Ќе ги интервјуирам кандидатите, проверете ги нивните референци и јас ќе ви ги испратам најдобрите кандидати - и најдобриот дел е тоа што ќе го направам сето ова за 500 долари“ - додава Хамистон. Како бонус, таа понуди да се откаже од нејзиниот надоместок ако не успее да најде кандидат за фирмата. O.penVape потпиша договор.

Хамистон продолжи да следи компании од саемот, а кон крајот на август 2015 година се поврза со консултантската фирма Canna Advisors. Компанијата ѝ кажа на Хамистон дека повеќе не се заинтересирани да ја платат својата тековна компанија за пребарување 20 проценти од платата за прва година на работните места што ги пополнуваа. Откако Хамистон беше почетничка ѝ понудија 2.000 долари од позиција за да ги пополни отворените места за менаџер на градежен проект, технички писател и извршен асистент. „Во мојата глава светна сијаличка: ‚О, мој Боже, постојат компании таму кадешто се наплаќаат 20 отсто од годишната плата“ - вели Хамистон. „Тогаш, го доживеав тој момент на соочување со Исус и ми требаше да излезам и да вработам други луѓе кои имале искуство во регрутирање, кои имале искуство со стекнување клиенти - и тоа е навистина кога нашиот бизнис почна да полетува“.

Хамистон го искористи приходот од пополнување на работните места на советниците на Cana Advisors за да го направи своето прво вистинско вработување. Во 2016 година, како што компанијата почна да пополнува повеќе позиции на повисоко ниво, таа го промени своето име од Градујуана во „Мрежа на таленти Вангст“ - Vangst Talent Network. „Вангст значи ‚фати‘ на холандски јазик“ - вели Хамистон, која сега има 25 вработени. „Јас сум дел од Холанѓаните, а идејата беше да ги фатиме најдобрите таленти и тоа не беа само стажанти и неодамнешни студенти“. Кана Адвисорс сè уште е клиент на Хамистон денес, а Вангст има поставено осум или девет вработени во малата фирма, вклучувајќи и потпретседател за развој на бизнисот.

Употребив комбинација од внатрешни лица за човечки ресурси и агенции за регрутирање, а јас само откривам дали вработените во Карсон се навистина големи ловци и добри во постигнување и изнаоѓање таленти кои можеби не бараат“ - вели ко-основачот Дајан Чарковски (Diane Czarkowski). За успехот на мрежата Vangst Talent Network, Хамистон одржа саем за кариера во Денвер во 2016 година и ја започна онлајн платформата Vangsters во август 2017 година. Досега има 12.000 кандидати, 53 компании и околу 200 работни места на платформата, но Хамистон вели дека еден од нејзините најголеми предизвици е тоа што сѐ уште им помага на компаниите да ги надминат стереотипите поврзани со индустријата. 

Таа се сеќава дека му помагала на клиентот во Сан Франциско да извлече талент од луксузен бренд за да работи како менаџер во продавница за малопродажба во нивната компанија. „Убедувањето на луѓето да излезат како менаџери на Неиман Маркус (Neiman Marcus) или Шанел и да управуваат со диспанзерите е транзиција, а луѓето сè уште не се задоволни со индустријата“ - објаснува Хамистон. „Така, како компанија, имаме обврска да ги едуцираме нашите кандидати за индустријата, за тоа каде оди индустријата и каде се наоѓаат можностите“ - заклучува оваа млада канабис бизнис жена.

Автор: K.K.
Извор: CNBC

Friday, November 10, 2017

Жена излекувана од ишијас за неколку часа користејќи масло од канабис!

Жена која поминала 13 години во страшни болки  вели дека е излечена благодарение на маслото од канабис коешто го нарачала преку интернет. Бренда Дејвидсон вели дека болката изчезнала од употреба на маслото од канабис што е законски достапно бидејќи не содржи THC. Еден ден откако ја пробала својата прва капка масло, таа рече: „не можам да верувам во ова, јас не чувствувам никаква болка

Brenda Davidson
Бренда Дејвидсон (Brenda Davidson) од Кирквал, Оркни која има 55 години, вели: „Мојата фризерка има направено многу истражувања за маслото од канабис и рече ми дека нејзината мајка почувствувала огромни резултати“. Таа ставаше три капки под јазикот на нејзината мајка и таа реагираше многу позитивно на тоа. Планира да престане да ги зема конвенционалните таблети, откако ќе биде уверена дека маслото од канабис ќе продолжи да делува.

Бренда сепак и покрај убедувањата од пријателката беше скептична, но мислеше дека нема што да изгуби ако го проба маслото од канабис. Маслото од канабис е една од најбезбедните супстанци за човекот и околината, воопшто не е токсичен. Таа првата нарачка на масло од канабис ја направила преку интернет. Првично, Бренда се одлучила за поевтин производ, кој не и делувал, па затоа ја пробала фирмата CBD Brothers, која ѝ била препорачана од нејзината фризерка.

Тоа го платив 54 фунти за шише од 10 мл, но ми траеше шест до осум недели. Се сеќавам дека беше сабота кога маслото пристигна дома, па јас го пробав, а потоа повторно во недела, но не бев до понеделник на работа. Не можам да верувам во ова, јас не чувствувам никаква болка!“. Како поранешен асистент за кафетерија, Бренда беше на нозе подолго време во текот на денот и честопати имаше страшни болки. Таа страдаше од несоница и се обидуваше да ја скрие агонизирачката болка најдобро што можеше од блиското семејство, но не можеше да се движи многу - сега веќе тоа не е проблем, откако го зема маслото.

54£ за 10мл кои ѝ траеле скоро 2 месеци!
Дали маслото од канабис што го користи Бренда е нелегално?
Веб-страницата на CBD Brothers објасни дека маслото од канабидиол е додаток во исхраната од канабис, кој поседува голем број лековити придобивки кои им помагаат најмногу на луѓето со следниве состојби: рак, епилепсија, ревматизам, мигрена, псоријаза, дијабетес, анксиозност, акни, депресија, гадење, невропатска болка и многу други, тврдат тие.

Од особена важност да се напомене е тоа дека ова масло воопшто не содржи THC, психоактивната компонента од канабисот. Со други зборови, CBD не ве возвишува. Од минатата година е легално да се купи во Велика Британија, откако владината Агенција за лекови и здравствени производи (MHPR) ја одобри употребата како лек под лиценца. Канабидиолот или ЦБД е еден од повеќе од над 100-те познати канабиноиди, природни состојки кои ги содржи растението марихуана. Извлечени од растението како масло богато со минерали, вообичаено се флашира со капење - но, исто така можете да се произведе во форма на гума за џвакање, сапун или како масло за е-цигари. Тоа нема никакви несакани ефекти, ниту, пак, создава зависност, тврдат од CBD Brothers. Сепак, исто така треба да се истакне дека екстрактите со изолирани канабионоиди ја немаат лековитата моќ како екстрактите од целото растение канабис, затоа што делуваат синергично.


Пред да проба да се лекува со канабис, лекарите Бренда сакаа да ја претворат во „легален нарко зависник со препишување на сè појаки синтетички апчиња, кои не ѝ помагаа на госпоѓава. „Само земав лекови против болки во тоа време и отидов на лекар кога се вратив дома. Повторно ми даде лекови против болки и отидоов на рентген, но ништо не се појави. Стигнав до точка кадешто повеќе не можев да шетам кучето. Јас бев во толку големи болки и само ќе си дојдев дома и ќе плачев. Бев на различни лекови против болки во текот на годините и ме ставија на физио (терапија), но тоа навистина не помогна“. Бренда и нејзиниот сопруг Рејмонд, неодамна се преселија во Најн - тоа им беше амбиција долго време -  таа беше во можност да ужива, повторно ослободена од болка. 

Маслото е најевтино и најдобро во секој поглед да се прави дома
Зошто да се труете со апчиња, кога болките може да ги решите со само една капка екстракт од билката канабис! „Ако почувствувам и најмала болка само земам уште една капка во чајот и повторно е сè во ред - навистина не верував дека ќе делува, но навистина делува. Националното здравство дефинитивно треба да поработи на обезбедување на рецепт на масло од канабис - сигурно тоа ќе биде поефтино и за нив, отколку давање на сите овие рецепти за лекови против болки“ - истакнува изреволтираната Бренда. „Заедно, тоа се најдобрите 54£ (3.750 ден) што некогаш сум ги потрошила!“  - додава таа.

Маслото од канабис не е одобрено од шкотскиот медицински конзорциум за употреба на здравствениот систем во Шкотска, па затоа не е генерално достапно. Сепак, пациентите можат да направат посебни барања за било кој лек кој не е одобрен од страна на Scottish Medicines Consortium. Ова мора да биде потпишано од страна на нивниот лекар или консултант, а потоа се разгледува од панел на релевантни експерти. Кристофер Николсон (Christopher Nicolson), директор на фармацијата во NHS Orkney, рече: „Маслото од канабис сè уште не се смета дека е за употреба во Шкотска од страна на шкотскиот медицински конзорциум, па затоа сè уште не е достапно на рецепт. Сепак, општо земено, постои опција лекарите да поднесат барање ако сакаат да го препишат производот. Ова подразбира поднесување барање до канцеларијата на Медицинскиот директор. NHS Orkney тогаш ќе го разгледа барањето и ќе земе стручен совет пред кој било договор за финансирање на третманот.

Автор: METRO
Извор: Кристина Т.

Wednesday, November 8, 2017

Како конопот може да ја деконтаминира почвата и да го спаси светот?

Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) процени дека на преку 30.000 места (области) во Америка е потребено чистење од отрови. Областите загадени со токсични метали, пестициди, бензин и експлозиви се насекаде низ земјата, но и низ светот, загрозувајќи ја локалната и глобалната екологија. Конопот се користи за чистење од смртоносни загадувачи со децении. Истражувачите од Државниот Универзитет во Колорадо утврдиле дека конопот е екстремно ефективен во отстранувањето на тешки метали и радиоактивен отпад, длабоко наталожени во почвата

Конопот во Чернобил претставува природен филтер!
Врската помеѓу конопот и Чернобил

Со користење на техниката наречена „Фиторемедијација“ (Phytoremediation), индустрискиот коноп се користел за намалување на штетите од чернобилската катастрофа, смртоносната нуклеарна експлозија во 1986 г. во Украина. Фиторемедијација е нова технологија која користи зелени растенија за отстранување, изолирање или заменување загадена почва.

Конопот се смета за ефтин, безбеден за околината процес за расчистување. По катастрофата, токсични супстанци влегле во ланецот на прехрана преку кравите и другата живина која се хранела од околните растенија. Владата морала да спречи натамошно раширување на токсините со расчистување на почвата и поставување услов дека живината смее да јаде само незагадени растенија. Компанијата за технологии и молекуларна биологија Phytotech, утврдила дека канабисот има природна способност да ги чисти и стабилизира загадените подрачја и во случајот со Чернобил, илјадници дрвца коноп биле насадени во и околу регионот. Научникот Масару Емото тврди дека конопот може да го исчисти нуклеарниот отпад во Фукушима. Коноп садат во Фукушима, за да ја исчистат областа од радијацијата.


Конопот најдобро ја филтрира почвата!
Загадување со тешки метали

Според студија спроведена од Државниот Универзитет на Колорадо, поголемиот дел од почвата низ светот е заразена со кадмиум. Toa е крајно токсичен тежок метал, најчесто користен за изработка на батерии, телевизори, цемент, вештачки ѓубрива, фосилни горива, тутун и многу други производи. Се смета за отров за животната средина во многу делови од светот и дури е забранет од страна на ЕУ бидејќи поседува канцерогени својства и предизвикува кардиоваскуларни проблеми.


Размислувајте еколошки!
САД трошат милиони да ја исчистат загадената почва секоја година. Индустријата, земјоделството, таложењето на отпади и другите штетни практики продолжуваат да го загадуваат екосистемот, кој присилува многу истражувачи да бараат и наоѓаат алтернативни методи за обновување на почвата и прочистување на животната средина. Според магазинот „Frontiers in Plant Science“: „Фиторемедијација е елегантен и ефтин пристап за деконтаминација на загадените подрачја, високо прифатен во јавноста и затоа вклучен во истражување на технологијата на фиторемедијација за големи подрачја на копно и вода кои се моментално засегнати“.


Апсорбира штетни материи од воздухот, водата и почвата!
Зошто конопот е толку ефикасен?

Конопот е идеална билка за биоремедијација бидејќи расте многу брзо (созрева за 3-4 месеци!), пушта длабоки корења во земјата и не е засегнат од загадувачите вклучувајќи го и самиот кадмиум. Има способност да апсорбира голема количина кадмиум без да ја оштети билката. Конопот е познат по својата отпорност на повеќето познати загадувачи и тие не му пречат на ова растение ни на развојот, ни на квалитетот на стеблото. Дополнително, истиот коноп кој е засаден да ја исчисти почвата може да се искористи и за производство на биогорива или за производство на хемпкрит (бетон од коноп - канабетон), но не и за конзумирање бидејќи е веќе полн со тешки метали и други загадувачи од почвата.

Ајде сите масовно да садиме коноп!
Заштитата на животната средина е само една од причините во низата причини зошто канабисот треба да се декриминализира, бидејќи со моменталните закони, не е возможно да се направи масовна деконтаминација на почвата која е толку контаминирана. Конопот е најдобриот природен филтер за апсорпција на штетните материи од почвата, водата и воздухот. Имено го прочистува загадениот воздух многу подобро од шумите!!! Вдишува 4 пати повеќе јаглерод диоксид од дрвјата и дава многу повеќе кислород. Конопот е најефтина и најобновлива суровина за производство на ХАРТИЈА, која е многу поиздржлива од хартијата направена од дрвјата. Дрвјата растат 100 години, а од Коноп може да се произведат и неколку реколти во годината!!! Исто така, воздухот ќе биде многу почист и ќе имаме многу повеќе кислород.

Автор: Ѓорѓи Д.
Извор: HERB





Tuesday, November 7, 2017

Зоран Велковски е алтернативен македонски артист кој јавно и гордо ја поддржува декриминализацијата на канабисот!

Зоран Велковски од Волково е гитарист во македонскиот реге бенд „КОНОП“, свири бас во реге бендот Brooka и соработува и со Fin Project. Фејсбук страницата на бендот Коноп ја преставува работата на бендот и ќе се труди во иднина да ги пренесува и објаснува сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните кои сакаат да се изборат за легализација на Божјата билка.  Зоран над десет години е активист кој упорно и храбро на секој можен начин како знае и умее се бори за ослободување на билката што животи спасува. Пред 2 години во 2015-та година протестираше пред Собранието на Република Македонија за легализација на канабисот со глад. Еве што тој има да каже за моменталната ситуација во која што конопот се наоѓа во Македонија и воопшто

Зоран Велковски од Волково сред конопно поле!
1. Што за тебе претставува канабисот? Дали треба да биде целосно слободен?

- Со канабисот се запознав за прв пат далечната 94-та година на свои 16 години. Тогаш Мац Пештерски (скопска урбана легенда) ни донесе една метла во гаража (машко растение) и полневме цигари, но безуспешно, зошто нели нема THC во таквото растение. Веќе следната година при дружба со локални скопски хипици се случи да го пробам вистинското нешто. Оттогаш наваму трае другарството со канабисот, а како поминуваше време ми помогна да се тргнам од многу опасни работи со кои, исто така другарував до својата 26-27 година. За мене канабисот е другарче исто како што е и цигарата (тутунот), но без отровите што ги има, а канабисот Е слободен, само што свеста на општеството сè уште не е ослободена по ова прашање.

2. Искуствата на пациентите ширум светот потврдуваат дека хемотерапијата е 70% неуспешна - го убива ракот заедно со пациентот, додека канабисот никого до сега не убил - НУЛА смртни случаи во историјата, а во третирањето канцер марихуаната е над 70% успешна! Кога и како дозна за лековитите својства на канабисот и дека со помош на оваа лековита билка можеш безопасно да се убие оваа дијагноза. Дали лично познаваш некој што се има излечено со масло или се лекува?

- За лековитите својста директно дознав преку лично искуство, бурната младост направи да страдам од посттрауматски стрес, а за лечењето на сериозни болести и состојби дознав од интернет. 

Коноп бенд
3. За која здарвствена намена го користиш канабисот? Која врста на канабис најмногу одговара за твојата здравствена состојба, а која врста е твоја лична омилена врста на канабис? На кој начин преферираш да ја консумираш оваа билка?

- Најомилен ми е сканкот. Тоа е хибрид (индика-сатива), посебно ги сакам хејзовите со овошна арома. Сатива за преку ден, индика за спиење, тоа би била идеалната комбинација. Џоинтот е начинот на кој преферирам да ја користам оваа билка. Со канабис лечам тинитус, тоа на средно уво што е, од многу свирење гласно во гаражи. Само со канабис, друг безопасен лек нема, оти пишти, секоја вечер, само џоинт помага да се смири фонијата што ме мачи.

4. Дали си слушнал за анална канабис терапија (ректално) по пат на супозитории (чепчиња), што се покажа како поефикасен начин во третирањето на секакви најчесто посериозни форми на канцери, отколку оралното консумирање преку уста, особено кога пациентот треба да зема големи дози масло? Многу од пациентите велат дека на овој начин се намалува ефектот од преголемиот „хај“ што знае да биде непријатен кај оние кои мораат да земаат мега ударни дози. Дали си пробал да консумираш канабис на овој начин преку супозитории и дали би го применвувал овој начин?

- Масло имам пробано само орално, иако сите потврдуваат дека најкорисно е да се зема преку чепчиња, но јас за среќа не сум болен благодарение на рекреативното користење на канабисот, па не морам да користам масло, иако нема никако да ми штети :)

5. Дали имаш користено масло до канабис? Какво беше чувството и за што ти помогна? 

- Масло имам пробано неколку пати, колку да знам за што станува збор. Чувството е фантастично, но ако користиш масло, а посебно некое квалитетно направено ќе немаш потреба од дување џоинт, а џоинтот значи ритуал на негово спремање и орална сатисфакција, која значи земање на духот на растениото преку дим. 


6. Дали самиот знаеш да подготвиш нмасло од канабис и дали сметаш дека информациите за самолекување со канабис се веќе јавно достапни секому? Како изгледаше твојата потрага по квалитетно канабисово масло? Дали тешко се доаѓа до вистинскиот лек?

- Сè уште немам правено масло и таа работа ја оставам на луѓе кои го прават тоа постојано и со љубов. Процедурата е (боза), но и многу други процедури и процеси се „боза“, па одлучуваме да ги правиме или не. Јас сметам дека за секоја работа треба да се ангажира професионалец, а посебно за спремање на лек или храна со лековити својства.

7. Како ти го дозираше маслото на почетокот, а како го дозираш сега? Како изгледаше твоето навикнување на ефектот од маслото? Колку траеше твојата лична терапија?

- Немам поминато терапија со масло од канабис. 

8. Кога кај тебе се појавија првите подобрувања откако започна да го користиш маслото и какви?

- Од моите десетина пати како имам пробано масло, подобрувањето е моментално.

9. Спореди го ефектот од маслото со ефектот од фармацевтските лекови коишто ти ги препишале твоите лекари за истите здравствени состојби?

- Не сум здраствено осигуран, немам ни свој матичен лекар. Фармацевтски производи (дроги) имам земано на своја рака во своите 20-ти години и споредбата е несоодветна. Трамадолот како една од појаките дроги што ги продаваа аптеките порано без рецепт, а сега го има само на црниот пазар има еден куп негативни нус појави, да го отворите упатсвото за употреба ќе прочитате за сериозни импликации по вашето здравје, нешто што го нема кај маслото од канабис, дури за разлика од трамадолот, маслото сите негативни нус појави ги претвора во позитивни. Чудо е ова растение...

10. Дали знаеш каков е составот на маслото кое што ти помага? Какво психофизичко чувство ти дава канабисот? 

- Се знае кој е составот на маслото што помага, а се прави од квалитетно здраво растение богато со THC.


11. Дали успеа да се ослободиш и од некои друи здравствени состојби коишто те мачеле од минатото? За што друго ти помогна/помага канабисот освен за дијагнозата поради која започна да го користиш?

- Во основа човек сам си помага за сè што го мачи. Канабисот е само вистинското орудие за самопомошта. Највеќе мене лично ми има помогнато за смирување на последици од стрес и за моменти на депресија.

12. Дали користиш канабис и на други начини? Дали го користиш во исхраната? Омилен рецепт?

- Исклучиво го користам виткајќи џоинти и дувајќи го. Тоа е заради културата на која имам тенденција да ѝ припаѓам. 

13. Дали ќе продолжиш канабисот да го користиш превентивно/рекреативно до крајот на животот?

- Доживотно, канабисот е доживотната робија која ја прифаќам со отворено срце, тоа е храна што треба да се консумира постојано за најоптимално здравје.

14. Како според тебе треба да биде регулиран канабисот во Македонија?

- Исто како што е регулиран и штавељот, спанаќот, брокулата. Јас сметам дека канабисот им припаѓа на зелените пазари и треба да биде сместен во групата на храна!

15. Какво е твоето мислење за граѓанското движење 420 Macedonia и за Националната кампања за декриминализација на канабисот во Република Македонија којашто ја покренавме? Ова интервју е дел од истоимената кампања. Од срце ти се заблагодаруваме за соработката!

- Мислам дека треба да продолжи да се развива идејата и имате комплетна поддршка од мене лично за било кој евент или протест во иднина.


16. Што според тебе секој индивидуално треба да превзеде за да се забрза процесот на ослободување на конопот, конкретно декриминализација? За колу време мислиш дека тоа најбрзо може да се случи доколку секој граѓанин активно се вклучи?

- Најголемите победи се оние на индивидуите кои победуваат терминални болести со ова Божјо растение. Тие се најголемите амбасадори за легализацијата и декриминализацијата. Сите граѓани тешко да се активираат, многу се зависни од фармација, алкохолна индустрија итн. Наше е да информираме, вие преку портали/медиуми, јас преку музика/песни.

Зоран е активен член на Левица, која се залага за легализација!
17. Што требаат според тебе да превземат Властите, спроведувачите на законот, јавните функционери, докторите, политичарите, пратениците, артистите итн. за побрзо да се декриминаклизира канабисот во РМ?

- Сите со барем малку тронка свест веќе јавно пишуваат, промовираат, поддржуваат. Сите останати политичари, артисти итн., што се кријат ќе продолжат да гоправат истото. Знам доста и политичари и уметници со кои сум дувал џоинт, а се кријат, најчесто да си го задржат работното место или функцијата што ја држат. Полека ќе се менуваат состојбите, но ќе видиме дали повторно во интерес на фармацијата и тесни бизнис кругови или во интерес на народот.

18. Твоја порака/совет до сите љубители, уживатели и поддржувачи на канабисот во Македонија, па и надвор од неа гласи...?

- Намалете со егото. Исто како што секое растение е хрането од сонцето, исто така сме и ние хранети од истото сонце и за сите нас има светлина. Да не дозволите вашето его да ја помрачи светлината со која ве храни сонцето.

19. Нешто да додадеш или да одземеш?

- Најмногу ми смета што заради лични каприци не се остава можност сите индивидуи, групи и организации што се борат за канабисот, да се соберат на едно место. Такво сплотување нема да доживееме ни денес ни во иднина.

20. На толку болни им е потребен лекот, луѓето се будат и освестуваат. Ние сметаме дека свеста е драстично променета од пред неколку години благодарение на нашиот заеднички труд. Дали мислиш дека е време за протести и маршеви?

- Секако, сметајте на КОНОП кога ќе има такво нешто.